Тасевска: Следуваат нови мерки за помош и пониски цени на основните производи

Bez autora
Nov 17 2022

Законот за финансиска поддршка на социјално ранливите категории граѓани за справување со енергетската криза е усвоен во Собранието, со што се создадоа сите предуслови за финансиска помош во следните четири месеци за речиси 200.000 граѓани.

Следните четири месеци финансиска помош од државата ќе добиваат лица што користат право на попреченост, родители на лица со попреченост што користат право на посебен додаток, самохраните родители што примаат гарантирана минимална помош, како и стечајните работници, изјави на денешната прес-конференција, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

Тасевска додаде дека финансиска помош е обезбедена и за над 91.600 пензионери, кои добиваат пензија до 11.525 денари, како и за над 66.000 пензионери, кои добиваат пензија од 11.525 до 14.000 денари. Сите пензионери претходно оваа година добиваа три месеци по 1.000 денари финансиска помош, а годинава имаше и две покачувања, вкупно од 10 отсто. Просечната пензија се зголеми над 1.500 денари само за неколку месеци, односно од март до септември.

Тасевска истакна дека во март оваа година минималната плата ја зголемивме на 18.000 денари, а од септември оваа година повисоки плати се обезбедени во образованието, во здравството, во детската заштита, во одбраната и во полицијата. Со обезбедување фиксна и далеку поевтина цена на струјата за компаниите што произведуваат основни прехранбени продукти се очекува намалување на цените на лебот, брашното, млекото, маслото за јадење и месото за приближно 10 отсто, што ќе донесе помали трошоци за семејствата.

Сето ова е дел од мерките и решенијата што СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство ги презема за полесно надминување на последиците од светската економска криза, изјави Тасевска.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik